На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката на валути се зголеми во претпладневното тргување во петокот.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу вредноста од 98,52 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 98,41 поен.

 

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,80 на 156,05 јени.

Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1720 долари, додека вчера во истиот термин чинеше 1,1745 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барел ослабе претпладнето за 0,32 отсто, на 59,65 долари, додека на американскиот пазар, цената на барел се намали за 0,23 отсто, на 56,05 долари.

globe

Слични новости

Цените на нафтата се стабилизираа на 60 долари

Цените на нафтата се стабилизираа на 60 долари

Цените на нафтата се стабилизираа во петокот на 60 долари на меѓународните пазари, балансирајќи меѓу ризиците за снабдувањето од Венецуела поради блокадата на САД и очекувањата за вишок следната година