На валутните пазари вредноста на американскиот долар во раното претпладневно тргување во средата порасна втор ден со ред во однос на кошничка валути.
Индексот на доларот, кој ги искажува пеформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево е околу 99,20 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 99,05 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 155,80 на 156,65 јени.
Американската валута, исто така, зајакна во споредба со европската, па цената на еврото се лизна на 1,1630 долари, додека вчера во истото време чинеше 1,1645 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, благо пораснаа по двата дена пад. На лондонскиот пазар цената на барелот претпладнево порасна за 0,16 отсто, на 62,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,17 отсто, на 58,35 долари.
Слични новости
Цените на среброто соборуваат рекорди
Индустриската побарувачка за среброто нагло порасна, пред се за потребите на соларните панели, електирчните возила и електрониката. Од друга страна, производството во рудниците не успева да ја следи потрошувачката што создава дефицит на сребро.
Претпазливост на Волстрит пред одлуките на Fed
На Волстрит берзанските индекси во вторникот забележаа само мали придвижувања, бидејќи инвеститорите се претпазливи пред објавувањето на одлуките од состанокот на челниците на американската централна банка
Нормализацијата на снабдувањето ги турна цените на нафтата под 62 долари
Цените на нафтата паднаа под 62 долари во вторникот на меѓународните пазари, со најави на Казахстан за свртување кон алтернативните првавци за испорачување во Кина и нормализација на снабдувањето од Ирак


