На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути порасна во четвртокот трет ден по ред.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,50 поени, додека вчера во ова истиот период од трговскиот ден изнесуваше 106,36 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,70 на 152,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0510 долари, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 1,0535 долари.

Еврото е под притисок бидејќи Европската централна банка (ECB) се очекува да ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени во четврток.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,22 отсто, на 73,70 долари, додека на американскиот пазар барелот порасна за 0,13 отсто, на 70,40 долари.

globe

Слични новости

Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД

Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД

Цените на нафтата во четвртокот благо пораснаа поткрепени од падот на залихите на сирова нафта во САД, но нивниот раст беше ограничен бидејќи американската централна банка сигнализираше дека ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки во 2025 година, што би можело да му наштети на економскиот раст, да ја намали побарувачката и да го зајакне американскиот долар

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските берзи драстично паѓаат по пораките на Fed

Европските акции остро паднаа во четвртокот претпладнето, како и Волстрит претходниот ден, бидејќи американската централна банка соопшти дека планира да го забави темпото на олабавување на монетарната политика