На валутните пазари вораното претпладневно тргување во понеделникот вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна, по минатонеделниот пад.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,17 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 105,80 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 149,75 на 150,70 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0530 долари, додека во петокот вечерта изнесуваше 1,0575 долари.
Еврото е под притисок од политичката криза во Франција поради несогласувањата околу буџетот, што може да доведе до гласање за доверба на француската влада.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,60 отсто, на 72,25 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,58 отсто, на 68,40 долари.
Слични новости
Нафтата поевтини на 72 долари
Цените на нафтата паднаа во петокот поради загриженоста за побарувачката следната година, особено во Кина, најголемиот увозник на сурова нафта
Европските берзи во пад, Трамп се заканува со царини
Цените на европските акции остро паднаа во петокот претпладнето, откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани со царини на увозот од Европската унија
Доларот зајакна, цената на нафтата падна
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,45 поени