На валутните пазари во петокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнето се движеше околу 107,35 поени, додека вчера во истиот момент од тргувањето изнесуваше 106,56 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од вчерашните 149,35 на 149,85 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0390 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0465 долари.

Цените на нафтата паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претплднето се лизна за 0,46 отсто, на 73,70 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,42 отсто, на 70,05 долари.

globe

Слични новости

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во САД забави во февруари

Инфлацијата во Сoединетите држави забавила во февруари, првпат по пет месеци, со забележителен пад на цените на бензините, покажаа податоците на Министерството за труд објавени во средата