На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути силно порасна по пораките на американската централна банка и се приближи до највисокото ниво во последните две години

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,08 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,89 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 153,60 на 155,45 јени. Јенот е под притисок бидејќи јапонската централна банка одлучи да ја остави основната каматна стапка непроменета на 0,25 отсто, и покрај зголемената инфлација во Јапонија.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0380 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0505 долари.
Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,55 отсто, на 72,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,53 отсто, на 70,20 долари.
Слични новости
Цените на храната значително пораснаа во февруари
Цените на храната драстично се зголемија во февруари првпат од есента минатата година, како одраз на повисоките цени на шеќерот, млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна при Обединетите нации
Нафтата поскапе кон 71 долар
Цените на нафтата пораснаа до 71 долар на меѓународните пазари во петокот, откако руски функционер навести дека водечките производители би можеле да го преиспитаат планираното зголемување на понудата
Димитриеска Кочоска: Македонската економија веќе не е во стагнација
Веќе почнуваат да се гледаат и видливи се резултатите од нашата работа. Економијата во Македонија повеќе не е во стагнација, оцени министерката за финансии Гордана Димитриеска – Кочоска, осврнувајќи се на податоците што денеска ги објави Државниот завод за статистика за невработеноста, индустриското производство и извозот.