На валутните пазари во четвртокот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути силно порасна по пораките на американската централна банка и се приближи до највисокото ниво во последните две години

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 108,08 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 106,89 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна од вчерашните 153,60 на 155,45 јени. Јенот е под притисок бидејќи јапонската централна банка одлучи да ја остави основната каматна стапка непроменета на 0,25 отсто, и покрај зголемената инфлација во Јапонија.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0380 долари, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 1,0505 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,55 отсто, на 72,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,53 отсто, на 70,20 долари.

globe

Слични новости

Забрзана инфлацијата во ЕУ

Забрзана инфлацијата во ЕУ

На ниво на 27-члената Европска унија, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 2,5 отсто, откако во октомври беше зголемена за 2,3 отсто