На валутните пазари во претпладневното тргување во вторникот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми.

Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,16 поени, додека вчера во истиот период од тргувањет изнесуваше 105,98 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 149,80 на 151,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0555 долари, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 1,0560 долари.

Цените на нафтата, пак, паднаа и со тоа изгубија најголем дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево ослабе за 0,51 отсто, на 71,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,57 отсто, на 67,95 долари.

globe

Слични новости

Цените на храната значително пораснаа во февруари

Цените на храната значително пораснаа во февруари

Цените на храната драстично се зголемија во февруари првпат од есента минатата година, како одраз на повисоките цени на шеќерот, млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна при Обединетите нации