На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми и минатата седмица, втора по ред, бидејќи американската централна банка, според нејзиниот претседател Џером Пауел, би можела да го забави темпото на намалување на каматните стапки.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на САД во однос на шесте најважни светски валути, минатата седмица зајакна за 1,6 отсто, на 106,67 поени. Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот падна за 1,7 отсто, на 1,0540 долари, блиску до најниското ниво во една година. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,1 отсто, па нејзиниот курс достигна 154,30 јени.

Во текот на седмицата, индексот на доларот се проби над нивото од 107 поени за прв пат во една година. Ова е последица на пораката дека американската централна банка може да го забави темпото на олабавување на монетарната политика.

Имено, претседателот на Fed, Џером Пауел на состанокот рече дека економијата продолжува да расте стабилен, дека пазарот на трудот е солиден, а инфлацијата се уште е над целта од два отсто, па централната банка може, посочи, внимателно да размислува за намалување каматните стапки.

„Економијата не испраќа никакви сигнали дека треба да избрзаме со намалување на каматните стапки“, рече претседателот на централната банкa.

Неодамна, пазарот процени дека има повеќе од 80 отсто шанси Fed да ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 отсто во декември, но по коментарите на Пауел, тие шанси паднаа под 60 отсто.

Дополнително, се очекува дека политиките на новостариот американски претседател Доналд Трамп ќе го поттикнат растот на економијата. Сепак, тие исто така може да предизвикаат пораст на инфлацијата, што исто така би значело дека  Fed ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки.

„Имаше големи промени во последните денови, не само поради претседателските избори, туку и поради подобрите од очекуваните економски показатели и пораката на Пауел дека не треба да биде агресивен во намалувањето на каматните стапки“, објаснува Адам Рич, директор во компанијата „Vaughan Nelson“.

Од друга страна, Европската централна банка (ECB) се очекува да продолжи да ги намалува клучните каматни стапки за да го поттикне растот на заспаната економија на еврозоната. Како резултат на тоа, курсот на еврото во однос на доларот падна втора седмица по ред, спуштајќи се во текот на неделата на најниските нивоа од октомври минатата година.

globe

Слични новости

Волстрит нагло падна по пораката на Fed

Волстрит нагло падна по пораката на Fed

На Волстртит цените на акциите нагло паднаа во средата, при што индексот Dow Jones се лизна десетти ден со ред, откако челниците на американската централна банка порачаа дека треба да биде забавено темпото на намалување на каматните стапки

Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари

Цените на нафтата благо пораснаа кон 74 долари

Цените на нафтата се зголемија во средата, поддржани од податоците за падот на залихите на сурова нафта во САД, додека инвеститорите претпазливо го очекуваат потенцијалното дополнително намалување на стапката на централната банка на САД