На валутните пазари во раното претпладнево тргување во четвртокот вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 106,56 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 106,17 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 149,40 на 149,35 јени.

Сепак, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0465 долари, додека вчера во истиот момент изнесуваше 1,0505 долари.

Цените на нафтата, пак, вратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,34 отсто, на 72,80 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,23 отсто, на 68,80 долари.

globe

Слични новости

Цените на храната значително пораснаа во февруари

Цените на храната значително пораснаа во февруари

Цените на храната драстично се зголемија во февруари првпат од есента минатата година, како одраз на повисоките цени на шеќерот, млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна при Обединетите нации