На валутните пазари во петокот утрото вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо се зголеми.

Индексот на доларот, кој ги покажува перформансите на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 107,70 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 107,60 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 152,15 на 151,55 јени.

Меѓутоа, американската валута зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0385 долари, додека вчера во истиот момент изнесуваше 1,0395 долари.

Цените на нафтата, пак, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава порасна за 0,52 отсто, на 74,70 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,42 отсто, на 70,90 долари.

globe

Слични новости

Европските берзи пораснаа на почетокот од седмицата

Европските берзи пораснаа во понеделникот наутро, бидејќи инвеститорите се надеваа дека Вашингтон нема да ја ескалира својата тарифна војна, откако американскиот претседател Доналд Трамп во петокот рече дека може да биде пофлексибилен по ова прашање

Доларот ослабе, нафтата поевтини

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути падна, откако минатата седмица порасна за 0,4 отсто