На валутните пазари зголемена е вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути во раното претпладневно тргување во вторникот и се движи недалеку од највисокото ниво во последните две години.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утринава се движи околу 108,11 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 107,72 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 156,55 на 157,10 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0405 долари, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 1,0445 долари.
Од почетокот на месецот доларот зајакна за повеќе од 2 отсто во однос на кошничката валути, бидејќи американската централна банка објави дека има намера да го забави темпото на намалување на каматните стапки.
Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,52 отсто, на 73,05 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,48 отсто, на 69,60 долари.
Слични новости
Потпретседателот на руската влада очекува економнски раст од 2-2,5 насто во 2025
Во следната година стопанството на Русија би требало да има пораст за 2 до 2,5 насто, а обемот на инвестициите во земјата да порасне за два проценти, изјави потпретседателот на руската влада Александар Новак.
Нафтата поскапе во слабото предпразничко тргување
Во слабото тргување пред празниците, цените на нафтата во вторникот пораснаа за околу 30 центи за барел, поттикнати од благо позитивните краткорочни изгледи на пазарот
Се проширува штрајкот во „Starbucks“ во САД
Штрајкот на американскиот синџир кафетерии „Starbucks“ ќе се прошири на повеќе од 300 продажни места во САД во вторник, при што се очекуваше вкупно повеќе од 5.000 работници да штрајкуваат