На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголемува во претпладневното тргување во петокот, четврти ден по ред и е на пат кон добивка оваа седмица од 1,1 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,15 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 152,10 на 153,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0460 долари, додека вчера во истиот пресек од трговскиот ден изнесуваше 1,0510 долари.

Еврото ослабе бидејќи вчера Европската централна банка (ECB) ги намали каматните стапки за нови 0,25 процентни поени.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,04 отсто, на 73,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,07 отсто, на 70,05 долари.

Така, цените на „црното злато“ се на пат кон значителни седмични добивки.

globe

Слични новости

Се обединуваат Нисан и Хонда за да ја преживеат електричната револуција

Се обединуваат Нисан и Хонда за да ја преживеат електричната револуција

Со спојувањето на овие два прозиводители на автомобили би се формирала компанија чија вредност ќе надминува 41 милијарда фунти, со што пазарната вредност на работење би ја исфрлило компанијата пред Тојота, Форд и Стелантис.

Европските берзи благо пораснаа пред одлуките на Fed

Европските берзи благо пораснаа пред одлуките на Fed

На европските берзи во средата претпладнето се тргува претпазливо, а берзанските индекси благо пораснаа пред одлуките и пораките на американската централна банка, што би можело значително да влијае на насоката на пазарот