На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголемува во претпладневното тргување во петокот, четврти ден по ред и е на пат кон добивка оваа седмица од 1,1 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,15 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,50 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 152,10 на 153,10 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0460 долари, додека вчера во истиот пресек од трговскиот ден изнесуваше 1,0510 долари.

Еврото ослабе бидејќи вчера Европската централна банка (ECB) ги намали каматните стапки за нови 0,25 процентни поени.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево зајакна за 0,04 отсто, на 73,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,07 отсто, на 70,05 долари.

Така, цените на „црното злато“ се на пат кон значителни седмични добивки.

globe

Слични новости

Бразил очекува повисоки цени на кафето во 2025.

Бразил очекува повисоки цени на кафето во 2025.

Водечките бразилски пржилници на кафе најавија повисоки цени во наредната година, сигнализирајќи им на граѓаните на водечкиот светски производител кој го стави зрното кафе на знамето дека ќе мора да посегнат подлабоко во џебовите за својот омилен пијалок