На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми во претпладневното тргување на вредноста.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се движи околу 106,36 поени, додека вчера во истиот период од тргувањето изнесуваше 106,16 поени.

Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 151,10 на 151,70 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0535 долари, додека вчера во ова време беше 1,0555 долари.

Еврото е под притисок бидејќи Европската централна банка (ECB) се очекува да ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени во четврток.

Цените на нафтата, од друга страна, пораснаа. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,64 отсто, на 72,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,67 отсто, на 69,05 долари.

globe

Слични новости

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

НБРМ: Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за 0,25 п.п.

Оценето дека најновите услови во економијата овозможуваат да се продолжи со постепеното нормализирање на поставеноста на монетарната политика. Оттука, беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25 п.п., на нивото од 5,55%.

Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци

Инфлацијата во Британија највисока во последните осум месеци

Годишните потрошувачки цени се зголемија за 2,6 отсто минатиот месец, во однос на растот од 2,3 отсто во октомври и значително над септемврискиот раст од 1,7 отсто. Тогаш, првпат по речиси три ипол години, инфлацијата падна под целното ниво на централната банка од 2 отсто

Се обединуваат Нисан и Хонда за да ја преживеат електричната револуција

Се обединуваат Нисан и Хонда за да ја преживеат електричната револуција

Со спојувањето на овие два прозиводители на автомобили би се формирала компанија чија вредност ќе надминува 41 милијарда фунти, со што пазарната вредност на работење би ја исфрлило компанијата пред Тојота, Форд и Стелантис.