На валутните пазари, вредноста на американската валута во однос на кошничка валути достигна во претпладневното тргување во вторникот највисоко ниво за три месеца, бидејќи доларот е поддржан од пораките од американската централна банка дека натамошните намалувања на каматните стапки во декември не се сигурни.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 99,99 поени, додека ден претходно во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 99,82 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 154,15 на 153,75 јени.
Американската валута, пак, зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1510 долари, најниско ниво за три месеца, додека вчера во истиот термински пресек чинеше 1,1525 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, паднаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот претпладнето ослабе за 0,32 отсто, на 64,65 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,33 отсто, на 60,85 долари.
Слични новости
Швајцарските компании ги неутрализираат американските царини со селење на производството
Швајцарските компании планираат да преместат дел од своите операции и производство во странство за да го ублажат влијанието на американските царини, според анкета на деловната асоцијација economysuisse
Производството на чај во Индија опадна во октомври
Производството на чај во Индија опадна во октомври поради неповолните временски услови во државата Асам
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена


