На светските валутни пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничка валути се зголеми за речиси еден отсто минатата седмица, по двете седмици пад, достигнувајќи го највисокото ниво за пет и пол месеци.
Индексот на доларот, кој ги искажува перформансите на американската во однос на шест главни светски валути, зајакна за 0,9 отсто минатата седмица, на 100,19 поени. Истовремено, доларот зајакна во однос на европската валута за 0,9 отсто, што предизвика курсот на еврото да се лизне на 1,1515 долари. Американската валута зајакна и во однос на јапонскиот јен, за 1,2 отсто, па доларот достигна 156,40 јени.
Доларот минатата седмица најмногу порасна во однос на јенот, достигнувајќи 157,90 јени во еден момент, што е највисоко ниво за 10 месеци. Јенот беше под притисок бидејќи владата на новата премиерка Санае Такаичи воведе пакет стимулации насочен кон ограничување на инфлацијата и зајакнување на економијата, во вредност од 135,5 милијарди долари.
Дополнително, се очекува централната банка на Јапонија (BoJ) да не брза да ги зголеми каматните стапки, и покрај зголемената инфлација, што исто така предизвика слабеење на јенот.
Сепак, во петокот, девизниот курс долар-јен се лизна од 10-месечниот максимум, бидејќи јапонскиот министер за финансии се закани дека ќе интервенира ако продолжат големите флуктуации на девизниот курс и шпекулациите насочени кон слабеење на јапонската валута.
Индексот на доларот се движи околу највисоките нивоа за пет ипол месеци, бидејќи американската централна банка можеби нема да ги намали каматните стапки во декември, што до неодамна изгледаше како сигурен облог. Минатата седмица, извештајот за работни места во САД покажа дека бројот на вработените во септември се зголемил повеќе отколку што очекуваа аналитичарите. Ова покажува дека ситуацијата на американскиот пазар на трудот, а и во целата економија, не е толку лоша како што се сметаше претходно.
Како резултат на тоа, очекувањата дека американската централна банка дополнително ќе ги намали каматните стапки во декември се намалија. До неодамна се проценуваше дека има околу 90 отсто веројатност дека Федералните резерви ќе го сторат тоа, но сега тие шанси се значително помали.
Слични новости
Германската економија и во 2025 без позитивен импулс
На германската економија и во оваа година и недостига позитивен замав, а деловниот сентимент е и понатаму слаб, се заклучува во денеска објавениот извештај на Институтот за економски истражувања
Рафинеријата за нафта во Панчево го започна процесот на затварање на производствените капацитети
Рафинеријата за нафта Панчево вчера го започна процесот на затворање на производствените капацитети поради недостиг на сурова нафта за преработка, што е резултат на санкциите што Министерството за финансии на САД ги воведе врз НИС.
Пазарот на криптовалутите се опоравува
Вредноста на биткоинот денеска порасна за 4,64 насто и изнесува 78.816 евра, што укажува на продолжување на опоравувањето на криптовалутите, по големиот пад во понеделникот.


