На валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо порасна минатата седмица, по остриот пад една седмица претходно, бидејќи американската централна банка може да го забави темпото на намалување на каматните стапки.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на шесте најважни светски валути, минатата седмица зајакна за 0,15 отсто, на 105,97 поени.
Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот се лизна за 0,1 отсто, на 1,0568 долари.
Американската валута зајакна и во однос на јапонската, за 0,2 отсто, па нејзиниот курс достигна 150,05 јени.
Курсовите на најважните светски валути не осцилираа значително минатата седмица, бидејќи немаше вести кои битно би влијаеле на очекувањата во однос на монетарната политика во најголемите светски економии.
Трговската седмица најмногу помина во шпекулации за тоа дали американската централна банка ќе ги намали каматните стапки на дводневната седница од 17 до 18 декември. Сите најнови податоци покажуваат дека американската економија постојано расте, дека пазарот на трудот останува цврст, а инфлацијата се уште се движи над целните нивоа од 2 отсто.
Во средата, претседателот на Fed, Џером Пауел рече дека економијата е посилна од очекуваното кога централната банка почна да ги намалува каматните стапки во септември, отворајќи го патот за побавно олабавување на монетарната политика. И покрај ова, пазарот сѐ уште очекува Fed да ги намали каматните стапки за 0,25 процентни поени на состанокот во декември. Сепак, се чини дека на почетокот на следната година ќе има пауза во тој циклус.
Сигнали доаѓаат и од Европската централна банка (ECB) дека темпото на намалување на каматните стапки може да се забави, и покрај слабоста на економијата на еврозоната, бидејќи инфлацијата во блокот сѐ уште „покажува заби“.
И додека повеќето централни банки ширум светот ги намалуваат каматните стапки и постепено ја олеснуваат монетарната политика, јапонските монетарни власти наскоро може да ги зголемат каматните стапки бидејќи инфлацијата во земјата се зајакнува во последните месеци.
Слични новости
Светската побарувачка на јаглен руши рекорди
Побарувачката ќе остане релативно стабилна до крајот на 2027 година, бидејќи обновливите извори на енергија играат сè поголема улога во производството на електрична енергија
Забрзана инфлацијата во ЕУ
На ниво на 27-члената Европска унија, годишната стапка на инфлација во ноември изнесува 2,5 отсто, откако во октомври беше зголемена за 2,3 отсто
Домаќинствата од јануари ќе плаќаат за 0,92 отсто поскапа струја
Просечната цена на струјата за домаќинствата од 1 јануари 2025 ќе се зголеми за 0,92 проценти, објави денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.