На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути се зголеми и минатата седмица, втора по ред, додека еврото ослабна откако Европската централна банка (ECB) повторно ги намали клучните каматни стапки.
Индексот на доларот, кој ги покажув аперформансите на амрериканската во однос на шесте најважни светски валути, минатата седмица зајакна за 0,9 отсто, на 106,94 поени. Истовремено, курсот на еврото во однос на доларот се лизна за 0,6 отсто, на 1,0505 долари. Американската валута зајакна и во однос на јапонската, за 2,4 отсто, па нејзиниот курс достигна 153,65 јени.
Минатонеделните седници на голем број централни банки во светот беа во фокусот на инвеститорите. Олеснувањето на инфлацијата им овозможува да ги намалат каматните стапки за да го стимулираат економскиот раст. Меѓу другото, швајцарската централна банка ги намали клучните каматни стапки за 0,50 процентни поени, а канадската централна банка исто така ја олесни монетарната политика.
Европската централна банка (ECB) по четврти пат годинава ги намали каматните стапки, за дополнителни 0,25 процентни поени. Сепак, бидејќи инфлацијата во еврозоната е сè уште покачена, се очекува темпото на намалување на каматните стапки на ECB да се забави, па еврото ослабе во однос на американскиот долар.
Додуша, инфлацијата е покачена и во САД. Минатонеделниот извештај за потрошувачките цени покажа дека инфлацијата се зголемила на годишно ниво од 2,7 отсто во ноември, што е повеќе од 2,6 отсто еден месец порано. Податоците за цените на производителите, исто така, потврдија дека инфлацијата се уште е значително над целните нивоа на американската централна банка. Во ноември овие цени се зголемија за 0,4 отсто на месечно ниво, а за 3 отсто на годишно ниво, повеќе од очекувањата на аналитичарите.
А зголемената инфлација може да го поттикне Fed да го забави или дури и да го заврши циклусот на намалување на стапката. Иако челниците на Fed со седмици повторуваат дека темпото на зголемување на каматните стапки може да се забави, пазарот очекува дека на дводневниот состанок од 17. до 18. декември Fed ќе ги намали каматните стапки по третпат оваа година, за дополнителни 0,25 процентни поени.
И додека повеќето централни банки ширум светот ги намалуваат каматните стапки и постепено ја олеснуваат монетарната политика, јапонските монетарни власти наскоро може да ги зголемат каматните стапки бидејќи инфлацијата во земјата се зајакнува во последните месеци.
Слични новости
Стагнираат доларот и цените на нафтата
На девизните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути стагнира во претпладневното тргување во вторникот
Технолошкиот сектор го поттикна растот на Волстрит
На Волстрит, индексот S&P 500 порасна во понеделникот, како и Nasdaq, кој достигна ново рекордно високо ниво, главно благодарение на порастот на цените на акциите на неколку од најголемите технолошки компании
Речиси секој четврти работник во Европа е мигрант
Во северна, јужна и западна Европа, уделот на вработени мигранти се зголемил во периодот меѓу 2013 и 2022 година од 22,5 отсто на 23,3 отсто