На пазарите на валути се тргуваше претпазливо минатата седмица, бидејќи ризикот од ескалација на цаинската војна меѓу САД и другите најголеми светски економии значително се зголеми, па курсевите на валутуте не осцилираа значително.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на шесте главни светски валути, минатата седмиа падна за 0,1 отсто на 104,01 поен. Курсот на еврото порасна за 0,1 отсто, на 1,0827 долари. Американската валута, пак, зајакна во однос на јапонскиот јен за 0,4 отсто, па цената на доларот достигна 149,80 јени.

Курсовите на главните светски валути не флуктуираа значително минатата седмица, бидејќи инвеститорите се внимателни во врска со ризикот од ескалација на трговската војна.
На почетокот од седмицата американскиот претседател Доналд Трамп најави воведување царини од 25 отсто за увоз на сите автомобили што не се произведени во САД, кои треба да стапат на сила на почетокот на април. Ова предизвика остар пад на цените на акциите на берзите, предизвикувајќи инвеститорите да бараат засолниште за својот капитал, вклучително и во валути кои се сметаат за побезбедни во несигурни времиња.
Инвеститорите се нервозни и затоа што следната седмица Трамп ќе претстави план за воведување реципрочни царини за увоз од сите земји кои наплаќаат царини за увоз на американски производи. Бидејќи многу земји најавија контрамерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на тарифната војна. И големото прашање е кој ќе остане „со кратки ракави“ во оваа војна.
„Слушам еден збор од сите на пазарите – неизвесност. Можете да го слушнете и од централните банкари. Она што го знаеме е дека Вашингтон ќе воведе реципрочни царини на 2 април. Но, не знаеме точно што значи тоа“, вели Марк Чендлер, стратег во Bannockburn Global Forex.
Слични новости
Нов рекорд на златото
Цената на златото, кое се смета за побезбедно засолниште за капиталот во неизвесни времиња, претпладнево четврти ден по ред достигна ново рекордно ниво – 3.145 долари за унца
Остар пад на Волстрит во првиот квартал
На Волстрит индексот S%P 500 благо порасна во понеделникот, но падна со највисока стапка од 2022 година во текот на целиот прв квартал, што е последица од стравувањата на инвеститорите од ескалација на царинската војна
Златото над 3.100 долари
Цените на златото во понеделникот надминаа 3.100 долари за унца, поради стравувањата на инвеститорите дека американските царини би можеле да ја поттикнат инфлацијата и да го забават економскиот раст, како и континуираната побарувачка од централните банки