На валутните пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничка валути благо падна во претпладневното тргување во понеделникот.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево се движи околу 98,90 поени, додека во петокот навечер беше на 98,98 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 155,35 на 155,25 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1655 долари, додека во петокот навечер беше 1,1642 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, малку пораснаа. На лондонскиот пазар, цената на барелот се зајакна за 0,25 отсто претпладнево, на 63,90 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,30 отсто, на 60,25 долари.
Слични новости
Третина од шпанските сертификати за извоз на свинско блокирани поради африканската чума
Околу една третина од шпанските сертификати за извоз на свинско месо е блокиран, откако избувна африканска чума кај свињите во Шпанија, за прв пат во последните 30 години, соопшти министерот за земјоделство на Шпанија Луис Пианас.
Цените на нафтата паднаа под притисок на страхувањата за прекумерна понуда
Цените на нафтата и денеска се пониски, под притисок на стравувањата за прекумерна понуда и се движат кон четврти последователен месечен пад, најдолг во низа во последните две години.
Крај на повеќемесечната нестабилност на европските акции
Акциите на европските берзи се во плус, по бурниот месец предизвикан од неизвесностите околу перспективите на раст на компаниите поврзани со работата на вештачката интелигенција.


