На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна во раното претпладневно тргување во понеделникот, по минатонеделниот раст од 0,9 отсто.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утрово е околу 100,15 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 100,19 поени.

 

Истовременот, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми за 0,10 отсто, на 156,55 јени.

Американската валута, пак, ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,1525 долари, додека во петокот вечерта ченеше 1,1515 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, стагнираат, откако минатата седмица паднаа за околу 3 отсто. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово ослабе за 0,01 отсто, на 62,55 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се намали за 0,05 отсто, на 58,03 долари.

globe

Слични новости

„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија

„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија

Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници

Цените на храната паднаа и во ноември

Цените на храната паднаа и во ноември

Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации

РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија

РКЕ ги намали надоместоците за дистрибуција, пренос и за операторот на пазарот на електрична енергија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за 3,64 отсто го намали надоместокот за дистрибуција на електрична енергија, односно за користење на електродистрибутивниот систем на Електродистрибуција од 1 јануари 2026 година