На валутните пазари, вредноста на доларот забележа благо зголемување во однос на кошничката на најважните светски валути. Индексот на доларот, кој ги мери перформансите на американската валута во однос на шесте најважни валути, достигна ниво од 99,78 поени, во споредба со вчерашните 99,70 поени во истиот период од денот.

Раст забележаа и цените на нафтата. Цената на барел на лондонскиот пазар претпладнево се зголеми за 0,65 проценти, достигнувајќи 66,95 долари. На американскиот пазар, пак, цената на барелот нафта се зголеми за 0,72 проценти, на 63,25 долари.

Благо покачување имаше и на пазарот на криптовалутите, а Биткоинот сега изнесува 94 000 долари.

 

Слични новости