На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути малку се зголеми во понеделникот претпладнето, откако минатата седмица падна за 0,4 отсто.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, претпладнево е околу 99,37 поени, додека во петокот навечер беше 99,27 поени.
Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се зголеми од 154,55 на 154,60 јени.
Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,1605 долари, додека во петокот навечер беше 1,1620 долари.
Цените на нафтата, од друга страна, претпладнево ги загубија речиси сите добивки од минатата седмица. На лондонскиот пазар цената на барелот се лизна за 0,98 отсто, на 63,75 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 1,08 отсто, на 59,45 долари.
Слични новости
Претпазлив почеток на седмицата на европските берзи
Европските берзи тргуваа претпазливо во понеделник претпладнето, додека инвеститорите чекаат нови вести, а одлуката на Федералните резерви на САД за каматните стапки е во фокусот оваа седмица
Доларот благо падна, благ раст на цените на нафтата
На валутните пазари, вредноста на американскиот доларот во однос на кошничка валути благо падна во претпладневното тргување во понеделникот
Секоја четврта продавница не издава фискални сметки
До крајот на ноември годинава, Управата за јавни приходи (УЈП) спровела околу 4.000 контроли за регистрирање на готовинскиот промет, што претставува зголемување за 2,5 пати во однос на истиот период минатата година


