Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.

Филмот кој критиката го оцени како исклучително одвратен и празен отвори подобро од предвидувањата и заработи 7,2 милиони долари.

Советникот на Меланија Марк Бекман рече дека филмот не е за секого, но дека им се допаѓа на луѓето кои гласаат за Трамп, а такви има и во „сините “градови.

Документарецот летоска ќе го има и на стримерот Амазон прајм.

Слични новости

Трамп најави тужба против водителот на церемонијата на доделувањето Греми наградите

Намалку десет уметници на доделата на наградите Греми во Лос Анџелес го критикуваа Доналд Трамп и неговата политика, особено кон имигрантите, а голем број музички ѕвезди носеа значки на кои пишуваше „ИЦЕ надвор“.

Филмските критичари со ужасни и навредливи оценки за документарниот филм „Меланија“

Филмските критичари со ужасни и навредливи оценки за документарниот филм „Меланија“

„Холивуд рипортер“ го оцени филмот како скапа пропаганда со толку невкус што од непријатност би поцрвенела Северна Кореја. „Атлантик“ смета дека филмот е „срамота“ и дека нема допирна точка со документарец туку е обичен рекет.