Документарецот „Меланија“ на режисерот Брет Ратнер, за кој студиото Амазон МГМ плати 75 милиони долари, неделава почна да се прикажува во 2.000 кино сали ширум Америка, вклучувајќи ги и „сините“ градови, како Њујорк, Лос Анџелес, Бостон, Чикаго, па дури и во Минеаполис.

Филмот кој критиката го оцени како исклучително одвратен и празен отвори подобро од предвидувањата и заработи 7,2 милиони долари.

Советникот на Меланија Марк Бекман рече дека филмот не е за секого, но дека им се допаѓа на луѓето кои гласаат за Трамп, а такви има и во „сините “градови.

Документарецот летоска ќе го има и на стримерот Амазон прајм.

Слични новости

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Номинираните за Оскар се вратија во Лос Анџелес по паузата поради ланските пожари

Меѓу присутните беа и актерските ветерани кои за прв пат добиваат номинација за оскар, Швеѓанецот Стелан Скарсгард (Сентиментална вредност) кој ја доби својата прва номинација на 74 годишна возраст