Анимираниот филм на Дримворкс Анимејшн и Универзал „Дог Мен“ е на првото место на американскиот Бокс офис со освоени 35 милиони долари. Филмот глобално заработи 40,2 милиони долари, што е повеќе од буџетот за изработка на филмот, кој е спин оф на „Капетан Андерпент“. Во јануари продажбата на кино билети е повисока за 24 насто во однос на минатата година.
На второто место е филмот „Компанион“ на Ворнер Брос научно-фантастичен хорор. Станува збор за скромна продукција која чинеше 10 милиони долари, а во првата недела на Бокс офисот во САД веќе заработи 9,5 милиони долари, додека глобално стигна до 15 милиони долари.
Во филмот играат Софи Тачер и Џек Квејд, децата на Мег Рајан и Денис Квејд, а филмот е во режија на Дру Хенкок.
„Муфаса : Кралот лав“ е сеуште трети, а во неколкуте недели прикажување стигна до импресивна бројка од 653 милиони заработка глобално. „Ризикот од летање“ на Мел Гибсон како режисер со Марк Валберг во главната улога кој минатиот викенд беше прв на Бокс офисот неделава е петти,а досега заработи 25 милиони долари глобално.
Слични новости
Кина влезе во годината на змијата
За време на празникот, кој трае неколку дена, повеќето продавници и канцеларии се затворени, а стотици милиони жители патуваат низ Кина за да прослават во своите родни места
Кесичките со чај ослободуваат микропластика
Научниците од Шпанија пронајдоа траги од микропластика што влегуваат во човечките клетки откако ќе ги натопат кесичките со чај во вода
Квентин Тарантино пишува театарска драма
Тој се откажа од натамошно снимање филмови, но сепак рече дека доколку претставата биде голем хит, би можел да ја екранизира на филмското платно и дека тоа би бил неговиот последен филм што ќе го сними.