Анимираниот филм на Дримворкс Анимејшн и Универзал „Дог Мен“ е на првото место на американскиот Бокс офис со освоени 35 милиони долари. Филмот глобално заработи 40,2 милиони долари, што е повеќе од буџетот за изработка на филмот, кој е спин оф на „Капетан Андерпент“. Во јануари продажбата на кино билети е повисока за 24 насто во однос на минатата година.
На второто место е филмот „Компанион“ на Ворнер Брос научно-фантастичен хорор. Станува збор за скромна продукција која чинеше 10 милиони долари, а во првата недела на Бокс офисот во САД веќе заработи 9,5 милиони долари, додека глобално стигна до 15 милиони долари.
Во филмот играат Софи Тачер и Џек Квејд, децата на Мег Рајан и Денис Квејд, а филмот е во режија на Дру Хенкок.
„Муфаса : Кралот лав“ е сеуште трети, а во неколкуте недели прикажување стигна до импресивна бројка од 653 милиони заработка глобално. „Ризикот од летање“ на Мел Гибсон како режисер со Марк Валберг во главната улога кој минатиот викенд беше прв на Бокс офисот неделава е петти,а досега заработи 25 милиони долари глобално.
Слични новости
Бијонсе и Тејлор Свифт го потврдија своето присуство на доделувањето на Греми наградите
Церемонијата која ќе се одржи во Лос Анџелес во неделата навечер, ќе трае цели осум часа, привлекувајќи ги најголемите ѕвезди на рокот, попот, кантри музиката и хип-хопот.
Тејлор Свифт ќе врачи една од наградите на 67 доделување на Греми наградите во недела
Здружението не соопшти која од наградите ќе ја додели Тејлор Свифт која и самата е номинирана за главната награда на вечерта албум на годината за албумот „The Torture Poets Department“.
Во Лос Анџелес одржан добротворен концерт ФајерАид за помош во настраданите од пожарот
Концертот во Киа Форумот го отвори славниот бенд Green day, а фронтемнот на бендот порача дека се сите заедно со Алтадена и Палисејдс областите во Лос Анџелес што беа најмногу погодени во пожарот.