Анимираниот филм на Дримворкс Анимејшн и Универзал „Дог Мен“ е на првото место на американскиот Бокс офис со освоени 35 милиони долари. Филмот глобално заработи 40,2 милиони долари, што е повеќе од буџетот за изработка на филмот, кој е спин оф на „Капетан Андерпент“. Во јануари продажбата на кино билети е повисока за 24 насто во однос на минатата година.
![глобе-Догмен](https://mlpilwjrpqeu.i.optimole.com/cb:zVRG.7fa6/w:auto/h:auto/q:mauto/ig:avif/https://globe.mk/wp-content/uploads/2025/02/глобе-Догмен.webp)
На второто место е филмот „Компанион“ на Ворнер Брос научно-фантастичен хорор. Станува збор за скромна продукција која чинеше 10 милиони долари, а во првата недела на Бокс офисот во САД веќе заработи 9,5 милиони долари, додека глобално стигна до 15 милиони долари.
Во филмот играат Софи Тачер и Џек Квејд, децата на Мег Рајан и Денис Квејд, а филмот е во режија на Дру Хенкок.
„Муфаса : Кралот лав“ е сеуште трети, а во неколкуте недели прикажување стигна до импресивна бројка од 653 милиони заработка глобално. „Ризикот од летање“ на Мел Гибсон како режисер со Марк Валберг во главната улога кој минатиот викенд беше прв на Бокс офисот неделава е петти,а досега заработи 25 милиони долари глобално.
Слични новости
Трамп го врати „црвеното копче“ за диетална кока-кола во Овалната соба
Овалната соба, каде што претседателите се среќаваат со странските шефови на држави, лидерите на Конгресот и од каде ѝ се обраќаат на нацијата, е дел од Белата куќа на која новиот претседател често додава личен печат за да ги одрази своите вредности и цели
Во четврток ќе бидат објавени номинациите за Оскар
Презентери на номинациите ќе бидат Рејчел Сенот и Боувен Јанг. Актерите и сценаристи Сенот и Јанг ќе ги презентираат номинациите во сите 24 категории.
Почина Џон Сајкс, поранешeн гитарист на Вајтснејк и Тин Лизи
Британскиот рок гитарист Џон Сајкс, кој свиреше со Вајтснејк и Тин Лизи, почина на 65-годишна возраст, според информацијата од неговата официјална...