Анимираниот филм на Дримворкс Анимејшн и Универзал „Дог Мен“ е на првото место на американскиот Бокс офис со освоени 35 милиони долари. Филмот глобално заработи 40,2 милиони долари, што е повеќе од буџетот за изработка на филмот, кој е спин оф на „Капетан Андерпент“. Во јануари продажбата на кино билети е повисока за 24 насто во однос на минатата година.
На второто место е филмот „Компанион“ на Ворнер Брос научно-фантастичен хорор. Станува збор за скромна продукција која чинеше 10 милиони долари, а во првата недела на Бокс офисот во САД веќе заработи 9,5 милиони долари, додека глобално стигна до 15 милиони долари.
Во филмот играат Софи Тачер и Џек Квејд, децата на Мег Рајан и Денис Квејд, а филмот е во режија на Дру Хенкок.
„Муфаса : Кралот лав“ е сеуште трети, а во неколкуте недели прикажување стигна до импресивна бројка од 653 милиони заработка глобално. „Ризикот од летање“ на Мел Гибсон како режисер со Марк Валберг во главната улога кој минатиот викенд беше прв на Бокс офисот неделава е петти,а досега заработи 25 милиони долари глобално.
Слични новости
Кина се подготвува за лунарната Нова година
Оваа година најголемиот празник во Кина е меѓу 28. јануари и 4. февруари, со што се одбележува почетокот на годината на змијата
Мјузиклите Емилија Перез со дури 14 номинации за Оскар, Викед со 10 номинации
Бруталист, Конклава и Целосно непознат имаат по осум номинации, а победникот на Кан Анора шест номинации колку што има и Дина втор дел.
Илон Маск смета дека ќе нема доволно пари за проектот Старгејт за развој на Вештачката интелигенција
Американскиот милијардер Илон Маск изрази сомнеж во изводливоста на амбициозниот инфраструктурен проект за изградба на центар за податоци на компанијата Опен АИ во САД наречен Старгејт, бидејќи смета дека финансисерите нема да успеат да ги обезбедат најавените 500 милијарди долари.