Цените на нафтата се искачија над 68 долари на меѓународните пазари во средата, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од објавувањето на трговскиот договор меѓу САД и Кина, смирувајќи ги стравувањата дека тензиите меѓу двете водечки економии во светот би можеле да ја нарушат побарувачката на енергенси.
На лондонскиот пазар, цената на барел попладнето беше за 1,30 долари повисока од вчерашното затворање на тргувањето, на 68,17 долари. На американскиот пазар, со барелот се тргуваше за 1,50 долари повисока цена, на 66,48 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (OPEC) засебно денеска објави дека барелот од референтната кошничка нафта на нејзините членки во вторникот поскапел за 87 центи на 67,35 долари во вторник.

Трговците внимателно ги следеа трговските разговори меѓу САД и Кина во првите денови од седмицата. Американските и кинеските претставници се состанаа во Лондон во саботата, а разговорите беа продолжени до вторникот. Во средата, американскиот претседател Доналд Трамп објави дека е постигнат договор. Пекинг, рече тој, одобрил пратки на технолошки минерали и магнети, а САД дозволиле пристап до универзитетите за кинеските студенти.
„КИНА ЌЕ ЈА ПОДОБРИ ИСПОРАКАТА НА МАГНЕТИ И МИНЕРАЛИ, ДОКОЛКУ Е ПОТРЕБНО. ЌЕ ИСПОРАЧАМЕ НА КИНА ОНА ШТО СМЕ СЕ ДОГОВОРИЛЕ, ВКЛУЧУВАЈЌИ И ПРИСТАП ДО НАШИТЕ УНИВЕРЗИТЕТИ И КОЛЕЏИ ЗА КИНЕСКИТЕ СТУДЕНТИ (ШТО СЕКОГАШ БИЛО ДОБРА РАБОТА ЗА МЕНЕ)“, напиша Трамп на Truth Social.
Договорот сè уште треба формално да биде одобрен од претседателот Си Џинпинг и од мене, додаде Трамп.
Објавата на договорот ги смири нервозните инвеститори кои стравуваа дека трговските тензии меѓу САД и Кина би можеле да ја намалат економијата и побарувачката за енергија.
Оптимизмот беше поттикнат и од најновите податоци за инфлацијата во САД. Потрошувачките цени пораснаа за 2,4 отсто во мај во однос на претходната година, само малку повеќе отколку во претходниот месец, соопшти Министерството за труд. На месечна основа, тие пораснаа за 0,1 отсто, што е половина од темпото во април.
Податоците ги ублажија загриженостите дека најавените тарифи би можеле да ја поттикнат инфлацијата, при што инвеститорите шпекулираат дека централната банка на САД ќе почне да ги намалува каматните стапки уште во септември, дополнително поттикнувајќи ја економската активност и потрошувачката на енергија.
Слични новости
Генералниор директор на Рено ја напушта автомобилската индустрија и ја презеде модната компанија Керинг
Генералниот директор на францускиот произведуваќ на автомобили Рено Лука де Мео ја напушта автомобилската индустрија за да ја презеде функцијата генерален директор во француската мултинационална компанија Керинг која ги има во сопственост брендовите Ив Сен Лоран, Гучи и Ботега Венета.
Доларот падна на најниско ниво во последните три години
Доларот падна на најниско ниво во последните три години, затоа што променливата трговска политика на Соединетите Американски Држави внесува нестабилност на пазарите.
Премиерот Мицкоски очекува висок раст на БДП во вториот квартал
Не велам дека имаме раст, но ако имаме предвид дека бевме длабок минус ние сме дојдени во состојба нула и сега треба да креваме“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.