Кремљ потврди дека синоќа се одржала средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и Стив Виткоф, претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека е договорен разговор меѓу Путин и Трамп, но не и времето за разговор.
„Точното време кога ќе се одржи разговорот се уште не е договорено“, рече Песков.

„Откако господинот Виткоф ќе му ги пренесе на шефот на државата сите информации добиени во Москва, тогаш ќе одредиме време за разговор“, рече Песков, додавајќи дека „има разбирање“ во двете земји дека „неопходен е разговор меѓу претседателите“.
Песков рече и дека има причини за внимателен оптимизам во однос на решавањето на ситуацијата во Украина.
„Се разбира, постојат причини за внимателен оптимизам“, им рече Песков на новинарите, коментирајќи ги зборовите на американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц, кој претходно рече дека Вашингтон е внимателен оптимист за изгледите за украинско решение и дека одлуките за следните чекори ќе бидат донесени врз основа на информациите од специјалниот пратеник Стив Виткоф, кој ја посети Москва.
Песков исто така, истакна дека Русија добила дополнителни информации од САД за Украина.
Тој повтори дека „Путин ја поддржува позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп за решавање на ситуацијата во Украина“, но и дека поставил некои прашања на кои треба заеднички да се одговори.
„Вчера слушнавте многу важна изјава на претседателот Путин. Одговарајќи на новинарско прашање, тој рече дека ја поддржува позицијата на претседателот Трамп за решавање на конфликтот, но тој постави некои прашања на кои треба заеднички да се одговори. Така, да, навистина, треба уште многу да се направи, но сепак, претседателот изрази солидарност со ставот на г-дин Трамп на новинарите“, нагласи Песков.
Слични новости
Тошковски: 51 лице загина, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Педесет и едно лице загина, а повеќе од 100 се повредени во синоќешниот пожар во дискотека во Кочани, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски
Најмалку 50 жртви во пожар во дискотека во Кочани
Изминатата ноќ во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувнал пожар во кој, според информации на Министерството за внатрешни работи за медиумите, има најмалку 50 загинати
Најмалку 19 загинати во торнадата на југот на САД
Најмалку 19 луѓе загинаа во САД, од кои 11 само во сојузната држава Мисури, откако смртоносните торнада зафатија неколку југоисточни држави