УПОЗ и Владата по денешната средба на двете страни предводени од претседатели Трпе Деаноски и Христијан Мицкоски. Објавија дека ставовите им се доближени. .

Финансискиот дел е речиси усогласен и прифатлив и за синдикатот и за Владата останува делот со условот кој централната власт го постави, откажување од општиот колективен договор и потпишување на индивидуални договори.

Дваесет и четири отсто зголемување на платата во наредните две години и два месеци плус зголемувањето на минималната плата е понудата на Владата која што донекаде е идентична со барањата на УПОЗ за зголемување од 30 отсто. Ова би опфатило околу осум илјади вработени во управата и правосудството.

Од друга страна ССМ продолжува со борбата да издејствува што е можно поголемо зголемување на минималецот и најаи дека идната недела ги блокира Собранието, работодавачите односно Стопанските Комори како и Владата.

Вчера ССМ поднесе предлог до Собранието за намалување на функционерските плати преку кратење на коефициентите,a  во пресметката наместо просечната како параметар да биде минималната плата.

Слични новости

Зијадин Села го оспори „Safe City“ пред Уставен суд: „Законот ја нарушува еднаквоста и правата на граѓаните“

Зијадин Села го оспори „Safe City“ пред Уставен суд: „Законот ја нарушува еднаквоста и правата на граѓаните“

Пред Уставот граѓаните треба да бидат еднакви и како такви сите граѓани, без разлика дали живеат во Куманово, Скопје или Тетово, треба еднакво да бидат опфатени со овие проекти и во Струмица, Охрид, како и во Кичево, Кавадарци, Штип и насекаде