По поразот од 0:3 на Олд Трафорд од Бурмут, тренерот на Манчестер јунајтед Мајкл Карик со тежок чекор го напушти стадионот свесен дека веројатно тоа беше последниот меч на клупата на Манчестер јунајтед.
Серијата лоши резултати е осум натпревари без победа, катастрофален пораз од малиот италијански клуб Комо од 4:1 во Лигата на шампионите и најслаб пласман на стартот на Премиер лигата по повеќе од 30 години.
Сепак, смената на Карик нема да ги смири навивачите на клубот кои се крајно незадоволни од управата, пишува Би Би Си.
Самиот Карик на прес конференцијата по натпреварот не можеше да одговори дали тој ќе го предводи Манчестер јунајтед в сабота на дербито против Челси во Лондон, но ја презеде врз себе одговорноста за серијата лоши резултати.
Слични новости
ПСЖ победник на суперкупот на УЕФА
Тренерот на ПСЖ Луис Енрике по натпреварот изјави дека ПСЖ победува и кога не игра на највисоко ниво и дека тоа за него е најважно. Тренерот на Астон Вила Унаи Емери беше разочаран од поразот, но задоволен од играта на својот тим
