Специјалниот пратеник на Кремљ Кирил Димитриев денеска изјави дека повлекувањето на Украина од регионот на Донбас е пат кон мирот.

Претходно портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече дека украинската војска мора да го напушти Донбас и дека тоа е еден од најважните услови за руската страна за да се постигне мир.

Русија контролира околу 90 проценти од регионот на Донбас, а рускиот претседател Владимир Путин во повеќе наврати истакна дека ако Украина не се откаже од остатокот на Донбас што е под нејзина контрола, Русија насилно ќе го заземе.

 

 

Слични новости