Дирекцијата за ТИРЗ според Извештајот за имплементација на интегритет изработен од Државната комисија за спречување корупција, се најде на 15. место на ранг листата од вкупно 50 институции, со 61,1 отсто на исполнетост на системот за интегритет.

Мониторингот опфати 72 институции од централната власт, 72 единици на локалната самоуправа и 16 институции од правосудниот сектор. Постигнатиот резултат претставува значителен раст за ниво погоре, од „просечно“ ниво – на „добро“ ниво, во однос на 2023 година, кога процентот на исполнетост изнесуваше 39,2 процента.

 

„Сево ова се должи на бројни активности кои беа преземени, како донесување на: Упатство за спречување судир на интереси, Упатство за постапување со подароци и гостопримства, Етички кодекс, Правилник за изменување и дополнување на правилникот за користење и управување со службени возила, како и Упатство за изменување и дополнување на упатството за реализирање на службени патувања. Исто така, беа спроведени и обуки за спречување на корупција и системот за интегритет“, се наведува во соопштението.

Според Дикрекцијата, интегритетот е клучен фактор во градењето силни институции и стекнувањето доверба кај граѓаните.

„Системот за интегритет како стратешки механизам за превенција од корупција и унапредување на транспарентноста, обезбедува усогласено спроведување на законите, етичките кодекси и политиките, создавајќи јасна рамка и функционални механизми за нивна примена и заштита. Како институција, Дирекцијата продолжува и понатаму да работи кон подобрување и сеопфатна имплементација на системот за интегритет. Овој резултат е потврда за заложбите кон законито, независно, непристрасно, етичко, одговорно и транспарентно вршење на работата, чувајќи го угледот и елиминирајќи ги ризиците и сомневањата во можноста од настанување и развој на корупција“, наведува Дирекцијата.

globe

Слични новости

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

Милошоски: Мој личен став е дека министерот за правда има слаб придонес во областа со која раководи

– Ова е мој личен став. Јас сметам дека министерот за правда има слаби перформанси по однос на обврските коишто ги има преземено за реформите во правосудството“, рече Милошоски.

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Предлог-измената за забрана на пиротехника во затворен простор помина на собраниската Комисија за одбрана и безбедност

Собраниската Комисија за одбрана и безбедност го разгледа и проследи на понатамошна постапка Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир со кој се предлага измена на законската регулатива во насока на забрана на употреба на експлозивни материи – пиротехнички средства во затворен простор

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Николовски: Партиски членови не треба да се на раководни функции на студентско организирање

Универзитетското студентско собрание на Скопскиот универзитет (УСС на УКИМ) не е против нови здруженија и организации на студенти и ќе ги повика на дискусија за сите предизвици со кои се соочуваат студентите, изјави претседателот на УСС на УКИМ Александар Николовски