Алиспахиќ вели дека оставката Рустеми не ја дава зошто се чувствува одговорен за ситуацијата со сметот во Скопје, туку да не влијае врз истрагата.

    „Неговата оставка е по советување и координација со нас како бранители. Тоа е чин што ќе овозможи непречено водење на истрагат се со цел да докажеме дека истиот нема никаква поврзаност, а во насока дека ниту може да влијае, ниту влијаел и ниту ќе попречи во било какво водење на истрагата“, изјави адвокатот Алиспахиќ.

    Алиспахиќ, исто така, нагласи дека имаат голем број на докази со кои, како што нагласи ќе докажат дека Рустеми преземал дејствија за обезбедување потребна механизација, барање поголеми ресурси како и вработување, но не му било одобрувано од управниот одбор.

    globe

    Слични новости

    На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

    На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека

    На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија

    Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

    Мицкоски: Не добив само реизбор, денес победи идејата за патот што го трасираме за Македонија

    Не добив само реизбор како претседател на ВМРО-ДПМНЕ туку денеска победи идејата. Победи патот што го трасираме за Македонија. Честа е голема и обврската и долгот кон доделената задача уште поголема, истакна Христијан Мицкоски откако попладнево на партискиот конгрес што се одржува во Кавадарци беше реизбран за лидер на ВМРО-ДПМНЕ