По неговото лансирање ДипСик предизвика масовно купување на технолошки акции. Акциите на Нвидиа паднаа за 17 насто во само еден ден на американската берза што беше загуба од 600 милијарди долари на пазарната вредност. Според Блумберг, тоа е најголемиот пад во историјата на американската берза.
Новата кинеска сензација за вештачка интелигенција (АИ) се вика ДипСик ( DeepSeek) и таа целосно го стресе технолошкиот свет, откако го собори од престолот ЧетГПТ како апликација со најмногу преземања во САД. Апликацијата го катапултираше нејзиниот сопственик милијардерот Лианг Венфонг преку ноќ до славна личност.
Евтиниот четбот што беше лансиран минатата недела, наводно е направен за само мал дел од буџетот на неговите ривали. Четботот сосема го стресе Волстрит и ги натера конкурентите да запнат за да го стигнат. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ова е „повик на будење“ за американските компании „за да се натпреваруваат да победат“.
Лианг Венфенг го осниваше ДипСик во декември 2023 и го објави првиот голем јазички модел на АИ следната година. За овој 40 годишен кинески милијардер не се знае многу. Роден е во Гуандонг, а дипломираше на универзитетот Џеданг електронски комуникации и компјутерски науки. Тој ретко се појавува во јавноста и ретко дава интервјуа.
За разлика од американските бизнисмени во АИ технологијата од Силициумската долина, Лианг има портфолио во финансиското работење. Тој е извршен директор на хеџ- фондот Хај -Флајер што ја користи вештачката интелигенција за да носи инвестициски одлуки, што се нарекува квантитативен трејдинг. Во 2019 Хај Флајер стана првиот квантен хеџ-фонд во Кина што заработи повеќе од 100 милијарди јуани (13 милиони долари).
Во Хај Флајер Лианг стекна богатство користејќи ги АИ алгоритмите за идентификување на обрасците што може да влијаат на цените на акциите на берзата. Неговиот тим стана вешт во користењето на чиповите Х800 што ги прави дизајнерот на чипови за АИ и досегашен фаворит на Вол стрит Нвидиа, за заработка на пари преку тргување со акции. Во 2023 Лианг го лансираше ДипСик, најавувајќи намера да развие АИ на ниво на човек.
За Лианг, кој лично учествува во истражувањата на ДипСик се вели дека ја користи заработката од неговата трговија со хеџ-фондот за да дава врвни плати на неговите најдобри таленти за АИ. Компанијата вработува експерти од најголемите кинески универзитети Пекинг, Џингху и Беиханг -наместо експерти од американските институции. Заедно со сопствениците на Бајтденс што го имаат Тикток, ДипСик нуди највисоки плати за компјутерските инженери кои работат во Кина.
ДипСик тврди дека неговиот модел Р1 е развиен со помош на постоечката технологија заедно со софтвер од отворен код, кој секој може да го користи и да го дели бесплатно. Часописот Вајерд пишува дека ДипСик натрупуваше залиха на чипови што го сочинуваат рбетот на кинеската вештачка интелигенција -познати како ГПУ или графички процесни единици. Проценките колку вакви чипови успеал да набави варираат од 10 000 до дури 50 000. Овие чипови се клучни за правење на моќни АИ модели кои може да изведат голем дијапазон на човечки задачи, од одговори на најсоновни прашања, до решавање на сложени математички проблеми.
Во септември 2022 САД ја забранија продажбата на овие моќни чипови на Кина, што за Лианг е главниот предизвик. Водечките модели на АИ на Западот користат околу 16 000 специјалиризани чипови.
ДипСик тврди дека дека го создал сопствениот модел Р1 користејќи 2.000 такви чипови и илјадници чипови од пониска класа, што го прави нивниот прозивод поевтин. Според неговите творци, правењето на четботот чинело само 5,6 милиони долари, за разлика од дури 5 милијарди долари кои ги потроши создавачот на ЧетГПТ.
По неговото лансирање ДипСик предизвика масовно купување на технолошки акции. Акциите на Нвидиа паднаа за 17 насто во само еден ден на американската берза што беше загуба од 600 милијарди долари на пазарната вредност. Според Блумберг, тоа е најголемиот пад во истроијата на американската берза.
Експертите проценуваат дека забраната на Вашингтон за продажба на напредни чипови на Кина ги принуди кинеските компании како што е ДипСик на иновации и дека ограничувањата придвижија креативност и отпорност.
Лансирањето на ДипСик се смета дека има историско значење како лансирањето на советскиот сателит Спутник во вселената, со што ја почна вселенската трка меѓу САД и СССР. Сега трката е во развојот на АИ меѓу САД и Кина.
Би Би Си
Слични новости
Волстрит џурнал: Најглупавата трговска војна во историјата
Ова е е самонанесена рана на американската економија. Очекувам зголемување на инфлацијата затоа што нивото на цените ќе порасне кога ќе биде...
Каде сакаат младите да живеат и работат во Европската унија?
Младите Европејци на возраст од 15 до 29 години студираат или работат надвор од нивната земја на раѓање. Но, ова не е време за безгрижни забави за младите во Европа
Номинацијата за Греми на Битлси покренува прашања за улогата на ВИ во музиката
Бијонсе, Кендрик Ламар и… Битлси? Величествената четворка се разијде пред повеќе од половина век и само двајца сѐ уште се живи, но тие се во конкуренција за Греми за најдобар албум на годината