Американски дипломати пристигнаа во Сирија за да разговараат директно со новите исламистички власти, надевајќи се дека ќе поттикнат умерен и инклузивен пат за земјата и ќе најдат индиции за исчезнатите Американци, соопшти во петокот Стејт департментот.

Тоа е првата официјална американска дипломатска мисија во Дамаск од раните денови на бруталната граѓанска војна што избувна во 2011 година и заврши овој месец со ненадејна блицкриг офанзива која го собори долгогодишниот авторитарен претседател Башар ал-Асад.

Дипломатите ќе се сретнат со претставници на победничката група Хајат Тахрир ал-Шам (HTS) – поранешното крило на Ал Каеда, како и со активисти, претставници на граѓанското општество и членови на малцинските групи, соопшти Стејт департментот. Вашингтон официјално ја смета групата HTS за терористичка група.

Американските власти ќе разговараат со Сиријците за „нивната визија за иднината на нивната земја и како САД можат да ги поддржат во тоа“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Во делегацијата се Барбара Лиф, највисокиот функционер на Стејт департментот за Блискиот исток, и Даниел Рубинштајн, ветеран американски дипломат во арапскиот свет, сега задолжен за ангажманот во Сирија, рече портпаролот.

Ќе присуствува и Роџер Карстенс, одговорен за заложниците, кој бара индиции за исчезнатите Американци, вклучувајќи го и Остин Тајс, новинарот киднапиран во август 2012 година.

Патувањето доаѓа една седмица откако државниот секретар Антони Блинкен, додека беше на турнеја низ земјите во соседството на Сирија, рече дека САД оствариле директен контакт со HTS.

На разговорите во јорданското одморалиште Акаба, западните и арапските сили, како и Турција, во саботата заеднички повикаа на „инклузивна, несекташка и претставничка влада“ која ги почитува правата на сите различни заедници во Сирија“.

HTS има џихадистички корени во Ал Каеда, поради што Соединетите држави ја задржаа својата дистанца за време на граѓанската војна, дури и кога Вашингтон се обидуваше да го изолира секуларниот социјалистички претседател Асад, чија семејна диинастија и партија БААТ ги продушуваше несогласувањето половина век.

По падот на Асад, водачот на HTS, Абу Мохамед ал-Џолани, кој инаку е поранешен сојузник на ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава и сѐ уште е на америакнската листа најбарани лица, декларативно зазеде помирувачки тон, повикувајќи на сириско единство, заштита на малцинствата и распуштање на бунтовничките фракции.

Веројатно нема да има одлука за отстранување на ознаката терористичка организација на HTS во месецот до враќањето на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, кој јасно стави до знаење дека не сака големо американско вмешаност во Сирија.

Трамп го опиша падот на Асад како „непријателско преземање“ од страна на Турција, бидејќи Турција ја поддржуваше и воени HTS и силно се спротивставува на сојузот на Вашингтон предводен од милициите на сириските Курди, кои соработуваа во главната цел на Вашингтон за задржување на ултранасилната Исламска држава.

По падот на Асад, светските сили брзо тргнаа да ја оживеат дипломатијата во Сирија, чија војна предизвика егзодус на мигранти што ја потресе западната политика. Во понеделникот Џолани се сретна со претставникот на ОН за Сирија, Геир Педерсон, а еден ден подоцна и со германската делегација.

Француските дипломати се вратија во својата амбасада во Дамаск, со што ја подигнаа тробојката за прв пат од 2012 година.

Соединетите држави ја затворија својата амбасада во Дамаск во февруари 2012 година и сè уште не презеле чекори за повторно отворање, додека Чешка ги застапува американските интереси во земјата.

globe

Слични новости

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

ХРВ: Ускратувањето вода од страна на Израел во Газа е чин на геноцид

Меѓународната организација за човекови права Human Rights Watch (HRW) во извештајот во четвртокот соопшти дека Израел убил илјадници Палестинци во Газа со тоа што им го ускратил пристапот до чиста вода, што според неа правно е чин на геноцид и истребување

Зеленски разговарал со шефот на НАТО и европските лидери за безбедносните гаранции на Украина

Зеленски разговарал со шефот на НАТО и европските лидери за безбедносните гаранции на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленскии во средата вечерта разговарал со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, и други европски челници, со цел да добие итна помош за зајакнување на воените напори на Киев и да разговара за долгорочните безбедносни гаранции

Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина

Зеленски вели дека разговарал со Макрон за можното распоредување странски војници во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во средата вечерта изјави дека разговарал со неговиот француски колега по должност Емануел Макрон за неговиот предлог за распоредување странски војници во Украина како „начин за постигнување стабилен мир“