Соединтетите држави одбиваат да коспонзорираат нацрт-резолуција на Обединетите нации за одбележување на третата годишнина од инвазијата Русија во Украина, поддржувајќи го територијалниот интегритет на Украина и осудувајќи ја руската агресија, изјавија три дипломатски извори за Reuters, што претставува потенцијално значајна промена во политиката за најмоќниот западен сојузник на Украина.

Се чини дека овој потег го одразува растечкиот јаз меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот претседател Доналд Трамп, кој се обидува брзо да стави крај на војната во Украина и чиј тим разговараше со Русија без учество на Киев.

Несогласувањата претставуваат голема политичка криза за Украина, откако таа потроши десетици милијарди долари од американската воена помош договорена во времето на претходната американска администрација за да се спротивстави на руската инвазија.

Нацрт-резолуцијата на Генералното собрание на ОН, во која увид имал Reuters, ја осудува „руската агресија и ја потврдува посветеноста на суверенитетот, независноста, единството и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници“.

„САД постојано спонзорираа такви резолуции во последниве години кои беа во корист на праведен мир во Украина“, рекол во четвртокот изворот, кој, како и другите, зборувал под услов да остане анонимен за чувствителни прашања.

Првиот дипломатски извор изјавил за Reuters дека резолуцијата е спонзорирана од повеќе од 50 земји, но одби да ги идентификува.

Портпаролот на американската дипломатска мисија во ОН во Женева сѐ уште не одговорил на барањето за коментар.

САД беа коспонзор на сите резолуции на ОН за поддршка на Украина против Русија во најголемиот конфликт на европска почва од Втората светска војна. Нема познат рок за поддршка на нацрт-резолуцијата, а Вашингтон сепак би можел да се премисли, пишува Reuters.

Гласањето во ОН, кое се смета за важен показател за глобална поддршка за Украина и покрај промената на администрацијата на Трамп на страната на Русија во војната, сепак може да се одржи без поддршка од САД, но е помала веројатноста да добие широка поддршка во Генералното собрание.

„Засега ситуацијата е дека тие (САД) нема да го потпишат“, рекол друг дипломатски извор, исто така под услов да остане анонимен.

Во тек се напори да се добие поддршка од други земји, вклучувајќи го и глобалниот југ, додал изворот на Reuters.

globe

Слични новости

Трамп и даде три недели на Европа да ги усогласи условите за капитулација на Украина

Трамп и даде три недели на Европа да ги усогласи условите за капитулација на Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп и даде на Европската Унија три недели за да ги усогласи условите на капитулацијата на Украина, напиша европратеникот Мика Алтола на социјалната мрежа Икс.

Рубио: Нема средба Путин-Трамп без напредок во преговорите за Украина

Рубио: Нема средба Путин-Трамп без напредок во преговорите за Украина

Евентуалната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин „во голема мера ќе зависи од тоа дали можеме да постигнеме некаков напредок во завршувањето на војната во Украина“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио

Зеленски: Разговорот со Келог „ги враќа надежите“ за успех

Зеленски: Разговорот со Келог „ги враќа надежите“ за успех

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во четвртокот изјави дека Украина е подготвена брзо да работи на постигнување силен договор за инвестиции и безбедност со САД, велејќи дека средбата со американскиот претставник Кит Келог „ја враќа надежта“ за успех