Оптимизмот од ден на ден се враќа меѓу членовите и симпатизерите на СДСМ, општинските штабови повторно се полнат со членови, од оваа точка, СДСМ може да оди само нагоре и дека во наредниот период тоа ќе биде видливо. СДСМ ќе се врати и повторно ќе биде победничка партија, вели во интервју за порталот „24инфо.мк” генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
На новинарско прашање за неговата досегашна работа како генерален секретар Димитријевиќ вели дека подразбира многу теренски активности, средби и разговори со членовите.

„Како човек кој од млади години е дел од СДСМ и кој се градел низ сите партиски структури, чувствував голема чест кога бев назначен за нов генерален секретар на партијата. Но покрај честа, тука е одговорноста да се биде дел од раководството на партијата. За оценката, за овој краток период, би оставил да зборуваат моите партиски другари и другарки, но она што јас можам да го кажам е дека изминатиов месец сум максимално посветен на процесите за консолидирање на партијата. Тоа подразбира многу теренски активности, средби, разговори со членови, симпатизери но и пријатели на партијата во процесот на подготовка на активностите кои следуваат и кои СДСМ треба да ја вратат на победничките патеки“, вели Димитријевиќ.
Она што на почетокот беше сериозен предизвик е разочараноста, резигнираноста на одреден дел на членови од последните изборни резултати, додава тој.
„Сепак, мило ми е што можам да кажам дека оптимизмот од ден на ден се враќа меѓу членовите и симпатизерите, што општинските штабови повторно се полнат со членови но и со луѓе кои во мај поради некои причини не гласале за СДСМ. Убеден сум дека од оваа точка, СДСМ може да оди само нагоре и дека во наредниот период тоа ќе биде видливо. СДСМ ќе се врати и повторно ќе биде победничка партија“, вели за „24 инфо” генералниот секретар на СДСМ.
Слични новости
МПЦ-ОА апелира за достоинствено и христијанско однесување на погребите
На Градските гробишта во Кочани денеска ќе бидат погребани 30-тина загинати од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Погреби ќе има и во Скопје, во Штип и во Облешево.
Одреден притвор за седум службеници на МВР
Триесетдневен притвор за седум полициски службеници на Министерството за внатрешни работи од Штип и Кочани определи во средата вечерта Кривичниот суд во Скопје
Над половина од проверените локали не ги исполнуваат минималните технички услови, дури и оние со важечки лиценци, преку 80 отсто ќе бидат затворени
Според премиерот, се очекува инспекциските контроли да завршат за недела до две по што точно ќе се знае кои локали се безбедни. Тие што ќе продолжат да работат, рече, ќе значи дека 100 отсто ги исполнуваат минимум пропишаните услови