Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска очекува дека 2024 година ќе заврши со многу повисока стапка на раст од проектираната, јавниот долг да биде понизок, реализацијата на капиталните инвестиции во следната година да биде висока, а да се реализираат и планираните приходи во буџетот. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во во Отворено студио на МРТВ на тема „Буџет 2025“ заедно со премиерот Христијан Мицкоски и бизнис заедницата.

„Ќе бидеме со многу повисока стапка на економски раст и ќе имаме и понизок јавен долг, кој на крајот на оваа година ќе биде под 62,7%, а на крајот на следната година 62,1%. Имајќи ги предвид корекциите во нагорна линија на БДП за 2024 и 2025 година тоа значи дека јавниот долг ќе биде понизок и од 62,1%. Со тоа покажавме дека работиме и дека кога сме посветени се консолидираме многу побрзо“, рече министерката.

 

Таа истакна дека следната година ќе има висока реализација на капиталните инветстиции, поткрепувајќи го со активностите што се реализираат на терен, како и активности кај проекти коишто претходно имале слаба реализација.

Потенцира дека освен усогласувањето на законите со европската директива за глобалниот минимален дано, во наредната година нема да има промена на даночни стапки и тоа не е предвидено ниту во Буџетот за 2025, ниту во Фискалната стратегија.

„Фокусот ќе ни биде на сивата економија и оттаму нема страв од аспект на наплата на приходите. Просторот во сивата економија е огромен којшто според некои неофицијални податоци е околу 40%, а имаме можности во законите да ги наплатиме. Пред неколку дена е објавен тендерот за е-фактура од што се очекува посериозна наплата на ДДВ и поголема координација и комуникација помеѓу институциите – УЈП, Царинска управа, Финансиска полиција токму во насока да ги детектираме слабостите на системот и да ги елиминираме сите оние дејствувања на компаниите во сивата зона“, рече министерката.

Таа додаде дека досега немало усогласување на податоците помеѓу Царинската управа и Управата за јавни приходи и се правела штета врз буџетот преку поврат на ДДВ заради што е направена контрола и врз основа на тоа е спречена злоупотреба на најмалку 2 милијарди денари од буџетски средства.

Министерката рече дека се детектирани работите, се анализираат детално и дека треба време за да се решат проблемите коишто не биле решени со години.

globe

Слични новости

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Тошковски ги демантира обвинувањата на СДСМ: МВР има снимка, полицаецот е суспендиран

Министерот за внатрешни работи поседува видео запис на којшто јасно се гледа повреда на закон и повреда на стандардни оперативни процедури од страна на полицискиот службеник којшто бил во тој момент во рамки на граничната полиција, наведува министерот во видеото објавено на неговата фејсбук страница

Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД

Нафтата благо поскапе поради падот на залихите во САД

Цените на нафтата во четвртокот благо пораснаа поткрепени од падот на залихите на сирова нафта во САД, но нивниот раст беше ограничен бидејќи американската централна банка сигнализираше дека ќе го забави темпото на намалување на каматните стапки во 2025 година, што би можело да му наштети на економскиот раст, да ја намали побарувачката и да го зајакне американскиот долар