Министерството за финансии денеска од централниот Буџет до Развојната банка ја префрлило првата транша од 10,4 милиони евра, средства наменети за поддршка на домашните компании од унгарскиот заем.
Како што соопштија денеска од Министерството за финансии, трансферот бил реализиран по доставено барање на Развојната банка за повлекување на средствата, а по одобрување на проектите од страна на деловните банки.

Во Буџетот за 2025 година се планирани 250 милиони евра средства за поддршка на домашните компании со кои ќе се поттикне реализација на нов инвестициски циклус во приватниот сектор, којшто ќе влијае на поттикнување на економската активност.
Очекуваме компаниите да ги препознаат поволните услови кои ги обезбедивме со оваа кредитна линија и планираните средства да се искористат во целост, напиша министерката за финансии на нејзиниот Фејсбук профил.
Слични новости
Уапсени 11 лица за сомнителни набавки на деривати
Полицијата вчера извршила претреси на повеќе локации во Скопје, Битола и Кичево, кај правни и физички лица, во врска со сомнителните набавки на деривати.
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката во енергетиката и економијата
Македонија и Азербејџан ќе ја унапредуваат соработката преку декларација за стратешко партнерстство и пријателство првенствено со фокус на енергетиката и економијата, а се иницира и укинување на визи за дипломатски и службени пасоши
Спасовски: Наместо реформа во правосудството, власта прави упад во уставниот поредок
Спасовски потенцираше дека реформи во правосудството треба да има, меѓутоа согласно законите и уставните приниципи потенцирајќи дека веќе се подготвуваат неколку законски решенија за системски промени