Мислам дека ова е една голема тема, комплексна тема за којашто долги години се дебатира кај нас во јавноста. Се обидуваме сите да ставиме крај на едни негативни тенденции во земјоделството и подготвувајќи се за оваа емисија, но и во дискусии претходно и во програмските документи коишто се изготвувани е да ги сопреме овие негативни тенденции на почетокот. Јас секогаш кажувам дека во земјоделството брзи пресврти нема, нешто што се изгубило тешко дека брзо ќе се врати“ , прецизираше во своето излагање професорот д-р Драги Димитриевски од Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје на денешата трибина „Како станавме увозно зависни за храна?“ во организација на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, не биле преземени мерки како и конкретни решенија од страна на СДСМ во делот на земјоделството, додавајќи дека погубните политики и нивната неодговорност влијаеле на овој проблем со којшто земјата се соочува сега.

„Јас би се вратил многу поназад во сета историја на независна Македонија. Мислам дека една огромна пресвртница во македонското земјоделство беше приватизацијата на претпријатијата што стопанисуваа со земјоделското земјиште и губењето на таа структура којашто беше пазарно ориентирана, а тоа се нашите поранешни комбинати, земјоделски задруги и претпријатија којшто стопанисуваа со државното земјоделско земјиште. Мислам дека и во тоа време, иако беше еден процес којшто требаше да изврши само трансформација мислам дека во тоа време таа влада направи едни големи пропусти, големи грешки и денеска за жал ги изгубивме тие големи системи и дојдовме во ситуација денешната структура на македонското земјоделство тешко дека ќе може сама да се справи со сите предизвици“ , нагласи Димитриевски.

Истакна дека најголемите реформи во делот на земјоделството се направени во 2007 година од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Објасни дека со владата на ВМРО-ДПМНЕ се поставени основите на денешните земјоделски политики, но изрази огромно жалење што ваквиот континуитет за развој на земјоделски политики не биле продолжена пракса и на СДСМ.

„Најголемите реформи коишто се направени, се направени во 2007 година, тоа е со тогашната влада на ВМРО-ДПМНЕ и тогаш се поставени основите на денешниве земјоделски политики и моделот на финансирање, и тогаш е направен најголемиот исчекор кон прилагодување на македонската земјоделска политика кон Заедничката земјоделска политика на Европската унија. Поставени се институциите, понатаму оди развојот но за жал наместо да се развиваат тие политики во една правилна насока, мислам дека изминатите седум години не се одвиваа состојбите во посакуваните насоки“ , дециден е Димитриевски.

Оцени дека негативниот биланс на увоз на земјоделско-прехранбени производи е скоро 3 пати зголемен во 2023 година. Дополнително тој додава дека ваквиот тренд е резултат на погрешното менаџирање и недоволната поддршка кон земјоделците од страна на претходната власт.

„Ако зборуваме како станавме увозно зависни ќе ви објаснам. Во 2014 година ние имаме негативен биланс на увоз на земјоделско-прехранбени производи околу 150 милиони евра, а во 2023 година имаме преку 430 милиони евра негативен биланс, значи скоро 3 пати е зголемен увозот“ , заклучува Димитриевски.

globe

Слични новости

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Ниту еден чекор на Владата нема да биде во насока да се влоши состојбата во медиумскиот сектор  

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, учествуваше во вчерашната дебата на емисијата „360 степени“ на МРТ1, каде што главна тема беа Нацрт-измените на Законот за медиуми. Тој потсети дека нацртот бил објавен на системот ЕНЕР, дека имало различни коментари и дека актуелната верзија е некаква средна вредност што произлегла од нив.

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за субивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Собранието ја изгласа предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

Собранието ја изгласа предлог-одлуката за објавување јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на МРТ

Собранието денеска во рамки на 38. седница ја изгласа предлог одлуката за објавување на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот Совет на Македонската радио телевизија, како и таа за именување на член на Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен