Излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија е 2,88%, истакнаа од Државната изборна комисија.
До 9 часот, вкупно гласале 22.379 гласачи.
Борис Кондарко, претседателот на ДИК соопшти дека сите избирачки места се навреме отворени, и гласањето се одвива без проблеми.
„Единствено во Општина Дојран во избирачко место 0385, поради технички проблеми со смарт картицата на уредот, имаше мал застој, проблемот е решен, и ова прашање е надминато, гласањето тече непрекинато во ова избирачко место. Други нема никакви проблеми, потешкотии, неправилности не се регистрирани ниту пријави, и немаме ниту приговори од политички партии.
ДИК ја известува јавноста дека ќе биде на терен, ќе посети определени избирачки места и определи изборни комисии без претходна најава. Сакаме да пратиме порака дека целиот изборен процес ќе биде под надзор.
И по завршување на гласањето по 19 часот членовите на ДИК ќе бидат присутни на некои места без претходна најава, и исто така ќе го набљудуваме и процесот на броење на гласовите. Ова е се со цел за поголема транспарентност и надзор на изборниот процес“, изјави Кондарко.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


