ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Tвоја Mакедонија освоиле 33 градоначалнички места во првиот круг од локалните избори што се одржаа на 19 октомври. Kоалицијата ВРЕДИ победила во 4 општини во првиот круг, СДСМ освоила градоначалници во 3 општини и НАИ, исто така, во 3 општини.
Државната изборна комисија ги соопшти официјалните резултати од првиот круг од изборите, на кои се избраа советите во 80 општини и во Градот Скопје.
Градоначалници се избрани во 43 општини, во 33 ќе има втор круг на 2 ноември, а во 4 општини изборите ќе почнат од почеток, затоа што не е исполнет цензусот од 30 отсто излезност. Излезноста изнесувала 46,63 отсто.
Слични новости
Филипче најави онлајн-петиција „Не за мигранти“
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) денеска ја најави првата граѓанска иницијатива против, како што наведе претседателот Венко Филипче, опасните и штетни политики на Владата на ВМРО-ДПМНЕ поврзани со можен прием на мигранти во земјата
Стартува расправата за буџетот
Пратениците ќе дебатираат за најголемиот досега буџета тежок 6, 7 милијарди евра. Со планиран раст на економијата од 3,8 проценти и дефицит од 3,5 проценти од БДП.
Советот на јавни обвинители ќе одлучува за избор на нов претседател
Советот на јавни обвинители денеска ќе одлучува за избор на нов претседател, откако мандатот на Душица Димитриеска заврши на 1 октомври.


