Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите 20 приговори поднесени за постапката на гласање. Три од нив веднаш беа одбиени како неуредни, приговорите на независните и на партијата „Трета“ за Прилеп и на Левица за Ѓорче Петров.
Одбиени се и приговорите на Националната Алијанса за Интеграција (НАИ) да се отвори материјалот на едно избирачко место во Бутел, на коалицијата „Твоја Македонија“, во едно избирачко место во Виница, за каде било утврдено дека недостигаат три сериски броеви.
На истата коалиција ѝ се одбиени приговорите и за општините Кривогаштани, Богданци и Чашка, а СДСМ самите ги повлекоа приговорите за Чашка. Одбиен е приговорот и на коалицијата „Искуство за успех“ за гласање во село Лажани, Општина Долнени, дека имало случаи на семејно гласање и помош при гласањето.
Слични новости
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски
На ГП Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути, магла на Попова Шапка и Пресека
На граничниот премин „Дојран”, утринава за излез од земјава се чека 30 минути, а на Табановце времето на чекање на излез од земјава е 40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија
Роднините на загинатите во „Пулс“: Дали судницата е за рецитирање или за вистината?
Родителите и блиските на загинатите во трагедијата во кочанската дискотека„Пулс“ денеска повторно излегоа на протестен марш во Кочани


