Државната изборна комисија (ДИК) денеска, во рамки на продолжението на 150 седница, ги објави конечните резултати од Локалните избори за вкупно 44 општини. Во 33 општини ќе има втор круг на гласање на 2 ноември.
„Единаесет општини се приклучуваат на 33 општини за кои во четвртокот објавивме конечни резултати за избор на градоначалници, каде што изборите се завршени во прв круг. Со денешнава објава на 11 општини за избор на градоначалник во прв круг и претходните 33 од минатиот четврток каде што немаше приговори, вкупно се завршени 44 општини каде што е извршен избор на градоначалник во првиот изборен круг. Остануваат уште 33 општини кои ќе одат во втор круг“, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.
Во однос на изборот за членови на советите на општини и Советот на Град Скопје, Кондарко соопшти дека само во Општина Шуто Оризари ќе се повтори гласањето на 2 ноември за избор на членови на Советот.
По спроведеното гласање на 19 октомври, а по истекот на законските рокови за поднесување тужба до Управен суд по приговори во постапка за гласање и во постапка за утврдување и сумирање на резултати од гласање, ДИК ги објавува конечните резултати за општините во кои не се поднесени тужби до Управен суд по приговори за избори на членови на Совет на општините и членови за Совет на Град Скопје.
„Остана само една општина со три избирачки места во кои се поништени резултатите од Управниот суд – во Општина Шуто Оризари. По направената симулација, утврдено е дека можно е да има теориско влијание бројот на запишаните гласачи во овие три избирачки места на распределбата на мандатите во Советот. ДИК врз основа на наведеното, согласно одлуките на Управниот суд за поништување на гласањето, одлучи гласањето во овие три избирачки места во Општина Шуто Оризари за избор на членови на Совет да биде повторено на 2 ноември“, рече Кондарко.
Слични новости
Со воведни зборови на одбраната продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“
Денешното рочиште продолжува со воведни зборови на одбраната на 26-то обвинетиот Шефкет Хазири од Министерството за економија, откако на вчерашното рочиште одбраната на обвинетите поранешни министри за економија директори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) негираа вина и го оспорија обвинението
Мицкоски: СДСМ ако најде еден мигрант до пролет, јас трајно ја напуштам политиката
Оставам простор до пролет Венко Филипче заедно со професорот Фрчковски, заедно со Андреј Жерновски да бараат низ Македонија и да најдат мигрант кој е дел од овој договор со Велика Британија и било каков договор којшто сме го преземале и ако најдат еден јас трајно ја напуштам политиката, изјави премеирот Христијан Мицкоски
Сиљановска Давкова за можен прием на мигранти: Колку што сум информирана од британскиот амбасадор и од Владата тоа не е точно
. Меѓутоа она што вие сега го кажувате резолуција, ама прашањето е за што ако ние немаме докази, бидејќи тоа што излегува во медиумите, со сета почит кон вашата професија, не мора да биде точно, рече Сиљановска Давкова по отворањето на Меѓународниот форум насловен „Глокализација 2.0: Одржлива родово-одговорна иднина”, организиран од Регионалната мрежа за родово одговорно буџетирање (GBWN).


