Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 160 седница едногласно ги усвоија Предлог упатство за увид во избирачкиот список и јавниот повик за увид во избирачкиот список од страна на граѓаните во општините Гостивар, Врапчиште, Маврово-Ростуше и Центар Жупа, каде што на 11 јануари ќе се повторат Локалните избори за избор на градоначалник. Претседателот на Државната изборна комисија, Борис Кондарко рече дека рокот за објавување на избирачкиот список, односно за започнување на јавниот увид започнува утре на 26 ноември.
„Истиот ќе се спроведува непосредно во сите подрачни одделенија и канцеларии на овие четири општини. Така што ќе биде достапен и на веб страната, но и за сите граѓани, кои сакаат непосредно да извршат увид во подрачните одделенија и канцеларии“, посочи Кондарко.
Ги повика граѓаните да извршат увид во избирачкиот список во наредните 15 дена, со цел да не им се скрати правото на глас.
Членовите на Државната изборна комисија донесоа одлуки и за определување на авансни средства за Општинските изборни комисии, како и на подрачните одделенија и канцеларии во четирите општини, каде што ќе има повторени избори за избор на градоначалник.
На денешната седница на ДИК членовите едногласно ги донесоа и одлуките за парични надоместоци за лица ангажирани во помошни тела, потоа за припадниците на МВР кои ги обезбедуваа деловните простории, доверливиот материјал, за ангажирање на лица во подрачни одделенија каде што нема доволно вработени или пак воопшто немаат вработени ДИК и за лицата кои биле ангажирани како техничка поддршка во ДИК и во Општинските изборни комисии.
Претседателот на ДИК, Кондарко најави дека до крајот на неделата ќе имаат уште една јавна седница, на која што ќе се усвојуваат предлог одлуки поврзани со повторните избори во четирите општини на 11 јануари 2026 година.
Слични новости
Милошоски: Нема да се градат бегалски кампови
Во Македонија нема да се градат бегалски кампови, категорични се од ВМРО ДПМНЕ. Тврдат дека Британија со сите земји од Западен Балкан и од ЕУ има склучено слични договори за борба против организирана, нелегална, миграција
Кузеска: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара за мигранти?
Граѓаните на Македонија се во шок! Власта на Мицкоски подготвува анти државно и национално предавство. Угледните британски медиуми, како The Times, дека Владата на Мицкоски е во разговори со Велика Британија за Македонија да стане базна дестинација за враќање мигранти. Сите лаги зад кои кујните на ДПМНЕ и владата се обидуваа да се сокријат се потопени во вода, изјави портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска
СДСМ: Конгресот на децата на Орбан
Антикорупцискиот тим на СДСМ реагираше со остра политичка критика на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ, кој викендов се одржа во Кавадарци под водство на Христијан Мицкоски


