Компанијата Дизни и плтаформата Јутјуб објавија дека е постигнат договор за окончување на прекинот на емитување поради кој каналите Еј БИ СИ, ЕСПН и други беа отстранети од платформата за стриминг на Јутјуб.
Спогодбата која е означена како повеќегодишен договор за дистрибуција, им овозможува враќање на каналите на претплатниците речиси веднаш, објави Ен Би Си.
Новиот договор, како што соопшти Дизни, вклучува и стриминг на содржините „Дизни плус“ и „Хулу бандл“ на Јутјуб ТВ.
Слични новости
Цените на нафтата на 64 долари
Цените на нафтата се искачија на 64 долари во петокот на меѓународните пазари, а инвеститорите шпекулираат дека намалената понуда од Венецуела во случај на воена интервенција на САД ќе ги принуди кинеските и американските рафинерии да бараат замена
„Аmazon“ со уплата од 180 милиони евра ја затвори истрагата за можна дночна измама во Италија
Подружница на американскиот гигант за е-трговија „Amazon“ им плати околу 180 милиони евра на италијанските даночни власти и го укина својот систем за следење на испораките со цел да ја затвори истрагата за можна даночна измама и експлоатација на работници
Цените на храната паднаа и во ноември
Цените на храната паднаа и во ноември, трет месец по ред, со значително намалување на цената на млекото и млечните производи и растителните масла, објави во петокот агенцијата за храна и земјоделство на Обединетите нации


